Зоолошката градина Скопје за првпат по 16 години ќе добие слонови. На 29 септември Зоошошка организира забава за добредојде на слониците Дуња и Даела.
Забавата почнува во 12 часот, а ќе настапат „Пет плус бенд“ и хорот на „Златно славејче“. За најмалите, се најавуваат и подароци.
Прва слоница жителка на Скопје Зоо била Цица, која во Скопје живеела од 1963 до 1970 година. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во во 1992 година.