По 27 години брак, Бил и Мелинда Гејтс и официјално се разведоа

По 27 години брак, еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, и официјално се разведе од сопругата Мелинда, пишува US Weekly. Двајцата ги договориле условите за разделба и ниту еден од нив нема да мора да плаќа алиментација.

Бил и Мелинда имаат три возрасни деца, а во документите за развод не се споменува издржување или старателство. Целиот имот ќе биде поделен во согласност со договорот што двете страни го направиле.

Како што пренесуваат медиумите, Мелинда може да добие половина од богатството на Бил, кое се проценува помеѓу 124 и 131 милијарда долари.

Двајцата објавија дека се разделуваат уште во мај годинава. Тие рекоа дека одлуката заеднички ја донеле.

 

Scroll to Top