По 41 година првпат прикажана нова епизода од „Професорот Балтазар“

Викендов во Хрватска, по 41 година првпат беше прикажана нова епизода од легендарниот цртан филм „Професорот Балтазар“. Серијата го носи насловот „Августовска трета среќа“. На новиот анимиран филм, кој трае седум минути, работеше и Борис Колар, еден од оргиналните автори на стариот Балтазар.

Серијалот за Балтазар се реализираше од 1967 до 1978 година, а беа снимени вкупно 59 епизоди, кои беа поделени во четири сезони. Цртанот филм ја раскажува приказната за професорот научник Балтазар кој ги решава проблемите на своите сограѓани.

„Професорот Балтазар“ беше еден од најпопуларните цртани фимови во поранешна Југославија.

Scroll to Top