По 60 години сондата Parker на НАСА влезе во атмосферата на Сонцето

Сондата Parker на НАСА ја заврши првата средба со Сонцето, влегувајќи во неговата атмосфера, а сега кружи околу
ѕвездата. Како резултат од тој прелет добиена е првата фотографија која го прикажува струењето на короната.

Во позадина може да се види и Јупитер, светлата точка во близина на средина на сликата.

“Хелиофизичарите овој момент го чекаат веќе 60 години”, рекол шефот на Одделението за хелиофизика на НАСА, Никола Фокс, додавајќи: “Мистеријата на Сонцето која сакаме да ја разоткриеме
се наоѓа внатре во самата корона!”.

„Сондата Паркер ќе достави мерења неопходни за разбирање на Сончевите феномени“, вели Нур Рауфи, член на тимот кој работи на проектот Parker.

Вториот прелет е предвиден за април, 2019 година, а мисијата на сондата ќе трае до 2025 година.

Scroll to Top