Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени е регистриран источно од Северниот Остров на Нов Зеланд околу 2.27 часот по локално време, соопшти сеизмолошката агенција на Нов Зеланд, пренесуваат агенциите.
Објавено е и предупредување за цунами. Агенцијата за вонредни состојби на Нов Зеланд ги повика сите жители што се во близина на брегот веднаш да се упатат на повисоките места. Земјотресот траел околу една минута и досега нема информации за евентуални жртви.
JUST IN: Massive 7.3 magnitude #earthquake detected off the eastern coast of New Zealand #EQNZ shortly before 8:30 a.m. EST, according to @usgs: https://t.co/OLgg2VWwYs pic.twitter.com/WzcPcaqNMH
— AccuWeather (@breakingweather) March 4, 2021