Сараево се подготвува за својата прва Парада на гордоста, која ќе се одржи утре, на 8 септември, со цел да ја поддржи и заштити ЛГБТИК заедницата.
Во април годинава, кога беше најавена парадата, Бранко Чулибрк, еден од организаторите, изјави дека парадата ќе се одржи под мотото „Има за излегување“ – фраза која некогаш била користена во босанските автобуси од страна на патниците како знак дека возачот треба да запре за да можат да излезат од автобусот.
Полицијата и организаторите велат дека се убедени дека првата Парада на гордоста на Босна ќе помине безбедно.
Инаку денес во главниот град на Босна и Херцеговина ќе се одржи традиционален ден на семејството. Станува збор за собир кој се организира како одговор против одржувањето на утрешната парада на гордоста.