По три месеци застој, Холивуд продолжува со снимањето на некои од најисчекуваните филмови

По три месеци застој, Холивуд продолжува на продукцијата на некои од најисчекуваните блокбастери. Филмските работници беа принудени да запрат со сите активности поради пандемијата со коронавирусот, но сега се надеваат дека нивните филмови ќе се најдат во кината до 2021 година.

Познатиот режисер Џејмс Камерон веќе продолжи со снимањето на продолжението на „Аватар“ од 2009 година. Неговата екипа соработници беше меѓу првите на кои им беше дозволен влез во Нов Зеланд откако земјата почна да ги олеснува рестриктивните мерки.

Тие мораа прво да бидат во 14-дневен карантин. Камерон кажа дека снимањето на филмот, наводно насловен „The Way of Water“, ќе отвори стотици работни места и ќе ѝ донесе милиони долари на локалната економија. Најавено е дека филмот ќе има премиера во декември 2021.

Шестиот филм од серијалот „Паркот Јура“ ќе биде првата голема продукција која ќе продолжи во Велика Британија следниот месец. Шефовите на студиото „Јуниверзал“ кажаа дека ќе вложат пет милиони долари во дополнителните безбедносно-хигиенски мерки на сетот.

Снимањето на биографскиот филм за Елвис Присли во Австралија беше прекинато откако Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се заразија со коронавирус. Снимањето ќе продолжи наскоро, потврди премиерката на Квинсленд, Анастасија Палшчук.

Невозможна мисија 7“ беше првиот голем холивудски наслов кој настрада од коронавирусот, па снимањето во Италија беше прекинато уште во февруари. Продуцентите очекуваат тоа да продолжи во септември и тоа во сите земји во коишто било планирано.

Бетмен“ (The Batman) со Роберт Патинсон и Зое Кравиц почна да се снима во Глазгов во февруари и продуцентите и натаму не се откажуваат од најавената премиера во октомври 2021.

Scroll to Top