Романската тенисерка Симона Халеп, која е носител на престижниот „Ролан Гарос“, призна дека има македонски корени, поточно влашки.
Македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, споделил текст на романски медиум кој пишува за Халеп, која во Романија ја нарекуваат најсилната.
„Тие се едни од најсилните Македонци. Тие се голема и почитувана заедница. Не затоа што се богати, туку зашто што ги негуваат македонските традиции и никогаш не скршнуваат од нив“, велат романските медиуми.
За потеклото на Симона Халеп како Влаинка од Македонија пишуваат повеќето од романските медиуми.