Победничката песна на Евровизија е плагијат

Компанијата „Универзал мјузик студиос“ од САД испратила опомена пред тужба за плагијат до композиторите на победничката песна на Евровизија Toy на Нета Барзилај. Тие тврдат дека таа е копија на песната Seven nation army која во 2003 година ја испеаја White stripes. Ако се докаже плагијатот, победата на Израел ќе ѝ биде одземена.

Според израелската телевизија, ако овие информации се докажат на суд, Израел може да биде дисквалификувана и од Евровизија 2019.

Иако двете песни се слични, адвокатите на американската компанија тврдат дека сличностите во ритамот и во хармонијата на песната ги повредуваат авторските права. Композиторот на песната на Нета потврдил дека постои можност за тужба и за израелските медиуми рекол дека ќе оди во Америка за да го реши проблемот. Тој додал дека писмото ги изненадило, но веруваат дека ќе најдат решение со „Универзал“.

Scroll to Top