Поранешниот агент на ЦИА Тони Мендез почина на 78 години од Паркинсова болест, објави Би-би-си. Тој беше инспирација за филмот „Арго“ од 2013 година, кој освои „Оскар“. Филмот го режираше Бен Афлек, а тој ја играше и главната улога.
Како експерт за тајни операции, Мендез во 1979 година помогнал да се осмисли план според кој шестмина американски дипломати се маскирале во членови на канадска филмска екипа за да избегаат од Иран во текот на заложничката криза во земјата.
Бен Афлек, кој го режираше филмот, се прости од Мендез на „Твитер“ и го нарече вистински американски херој.
„Тој беше човек со извонредна благородност, пристојност и љубезност. Никогаш не побара внимание за неговите постапки, туку само сакаше да ѝ служи на земјата“, напиша Афлек.
И порнанешниот директор на ЦИА, Мајкл Морел, откри дека Мендез бил еден од најдобрите агенти што некогаш работеле во ЦИА.