Почина актерот Пол Ритер, sвездата на „Хари Потер“, „Чернобил“ и „Џејмс Бонд“

Британскиот актер Пол Ритер почина од тумор на мозокот на 55-годишна возраст, објави денеска неговиот агент.

Агентот на Ритер за „Гардијан“ изјави дека актерот починал дома, а членовите на семејството биле со него.

„Почина мирно дома, опкружен со сопругата Поли и синовите Франк и Ном покрај него. Имаше 54 години и страдаше од тумор на мозокот. Пол беше исклучително талентиран актер. Беше жестоко интелигентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостига“, рече неговиот менаџер.

Ритер е познат по улогите во филмовите „Хари Потер и полукрвниот принц“, „Џејмс Бонд: Зрно утеха“, во комедијата „Вечера во петок навечер“ и во серијалот „Чернобил“.

Пол се прослави со својата реплика во „Чернобил“ – „Не е одлично, не е страшно“ (Not great, not terrible), која ја опишува ситуацијата по нуклеарната катастрофа. Во серијалот тој го играше ликот на Анатолиј Дјатлов, шефот на смената во нуклеарната централа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Bates (@bates_82)

Scroll to Top