Утрово во Италија почина капитенот на фудбалскиот клуб „Фиорентина“, Давиде Астори. Играчот на италијанската репрезентација починал во хотелот во Удине, каде што денеска неговиот тим требаше да гостува кај тимот на „Удинезе“. Овој натпревар е откажан.
Причините за смртта за сега не се познати, а ќе се изврши обдукција на телото.
„Длабоко вознемирени известуваме дека капитенот Давиде Астори почина“, кусо соопштија од тимот.