Почина Дејвид Коук, еден од најбогатите луѓе во светот

Американскиот милијардер и индустријалец Дејвид Коук, голем донатор на десничарските политичари и финансиер на нивните цели, почина на 80 годишна возраст.

Коук заедно со неговиот постар брат Чарлс, бил сопственик на хемиската, нафтена и трговска фирма Koou indastris, втората по големина компанија во САД.  Двајцата беа најпознати по раширената политичка мрежа која ја изградија.

Поради своето раширено и длабоко влијание и поддршка на конзервативните цели, оваа мрежа била наречена Kochtopus.

Браќата Коук ја основаа и групата „Американци за просперитет“ Аmericans for Prosperity, а целите им биле борба против данокот и залагањата за мала влада.

Дејвид Коук бил инженер, а најмногу позиции имал во семејните фирми. Богатството на Чарлс и Дејвид Коук е проценето на околу 31 милијарди долари, а во 2012 година се најдоа на четвртото место на листата на „Форбс“ за 500 најбогати луѓе во САД.

 

Scroll to Top