Почина Енди Андерсон, тапанарот на „Кјур“

Долгогодишниот тапанар на „Кјур“, Енди Андерсон, почина од рак на 68 години. Тој минатата недела на „Фејсбук“ открил дека боледува од рак и дека болеста е во напредна фаза. Веста за смртта на Андерсон ја објави клавијатуристот на бендот, Лол Толхурст.

„Енди Андерсон беше вистински џентлмен и одличен музичар со чудна смисла за хумор која не го напушти до крајот, сведоштво на неговиот прекрасен дух на последното патување“, напиша Толхурст на „Твитер“.

Андерсон свиреше тапани и за Иги Поп, Секс Пистолс, Питер Габриел и Исак Хејс.

 

Scroll to Top