Почина комичарот Хери Андерсон

Комичарот Хери Андерсон, најпознат по хумористичната серија Night Court, почина на 65-годишна возраст. Актерот почина вчера во својот дом во американската сојузна држава Северна Каролина.

Освен по Night Court, која се прикажуваше од 1984 до 1992 година. Хери е познат и по своите настапи во шоуто Saturday Night Live и во серијата Cheers. Комичарот имаше и свој продуцентски проект, серијата Dave’s World што се емитуваше од 1993 до 1997 година.

 

Scroll to Top