Почина Марк Холис, фронтменот на бендот „Ток ток“

Марк Холис, фронтмен на британскиот пост-рок бенд „Ток ток“ почина на 64 години. Тој е автор на хитовите It’s My Life, Such a Shame и Today со кои се прослави бендот во 1980-те години. Веста за смртта на Холис ја објави на Твитер неговиот роднина, музичарот Ентони Костело.

„Почивај во мир, Марк Холис. Роднина. Прекрасен сопруг и татко. Еден фасцинантен и принципиелен човек. Се  повлече од музичката сцена пред 20 години, но е неопислива музичка икона“, напиша Костело.

Scroll to Top