Почина најпознатиот руски рапер Децл

Најпознатиот руски рапер Децл (Кирил Толмацки) починал вчера веднаш откако го завршил концертот во градот Ижевск. Неофицијална причина за смртта е инфаркт.

Веста за смртта на 35-годишниот рапер ја објави неговиот менаџер, а ја потврди и таткото на Децл.

Децл беше еден од најбараните музичари во Русија. Неговиот деби албум „Кој: Ти“ е издаден во 2000 година и е меѓу најпродаваните руски рап албуми.

Scroll to Top