Почина познатиот готвач Флојд Кардоз од коронавирус

Славниот индиски готвач Флојд Кардоз кој снимаше за „Нетфликс“ почина од коронавирус. Кардоз објави дека беше позитивен на вирусот на 18 март, а во болницата бил примен еден ден претходно.

Симптомите почнал да ги чувствува откако се вратил од Индија, каде го снимал серијалот за „Нетфликс“. Кардоз почина на 60. години, објавија од Hunger Inc. Hospitality, каде бил вработен.

„Со тага ве известуваме дека почина шефот Флојд“, напишале тие на социјалните мрежи.

Популарнот готвач е роден во Индија, се школувал во Швајцарија, а живеел и работел во Њујорк. Учествувал и во кулинарското шоу Top Chef Masters во кое во третата сезона ја однесе победата. Потоа отвори два ресторани во Њујорк и три ресторани во Мумбаи.

Автор е на две книги One Spice, Two Spice: American Food, Indian Flavors’ te Floyd Cardoz: Flavorwalla: Big Flavor, Bold Spices, A New Way to Cook the Foods You Love.

Scroll to Top