Почина родилка од Свети Николе

Дваесет и осумгодишната  Маја Паневска од Свети Николе починала откако била породена  на акушерското одделение во штипската Клиничка болница. Обдукцијата ќе покаже од што починала младата жена, но неофицијално најверојатно се работи за искрварување.

Информацијата ја потврди директорот на Клиничка болница во Штип Ален Георгиев.

-Родилката се породи нормално, доби здраво машко бебе, но после тоа настанале компликации почна да крвари после што беше отстранета матаката. Причината за смртта ќе се утврди со обдукција, вели директорот на Штипската болница.

Тој вели дека младата жена се породила синоќа во 21 часот, но од засега непознати причини починала утринава околу 6 часот и 50 минути.

Во соопштението од Клиничка болница-Штип се вели дека изразуваат сочувство на семејството и велат дека телото на првороденката е дадено на обдукција.

Во текот на денов или најдоцна до утре очекуваат да го добијат извештајот од Патологија и Судска медицна во Скопје, по што на прес-конференција ќе ги соопштат деталите за смртта на родилката.

Scroll to Top