Почина руската глумица Евгенија Брик, Милош Биковиќ се прости од својата голема пријателка

Почина руската актерка Евгенија Брик на 40-годишна возраст во Лос Анџелес по долгата битка со ракот иако ретко зборуваше за својата здравствена состојба.

Српскиот актер Милош Биковиќ, кој веќе неколку години снима филмови и серии во Русија, се прости од својата пријателка и колешка преку социјалните мрежи. Тој изрази огромна тага поради загубата на младиот живот и талент, а покрај него и многу други колеги и обожаватели изразија сочувство.

Евгенија Владимировна Хиривскаја е родена на 3 септември 1981 година во Москва, а името го доби по дедо ѝ Евгениј Абрамович Крејн, кој некогаш бил познат новинар. Презимето Брик го зеде во чест на прабаба ѝ Софија Брик како уметничко име. Таа имаше полско и еврејско потекло. Студираше на Руската академија за театарска уметност и дипломира во 2004 година.

Руските медиуми ја опишаа како исклучително талентирана и весела личност. Таа беше во брак со режисерот Валери Тодоровски со кого ја имаше ќерката Зои Валериевна Тодоровскаја, родена во 2009 година. Зои е исто така актерка, таа го имаше своето актерско деби во серијата The OA во продукција на „Нетфликс“ во 2016 година.

 

Scroll to Top