Почина Шели Морисон од „Вил и Грејс“

Шели Морисон, која публиката ја знае по улогата на Росарио Салазар од хит-серијата „Вил и Грејс“, почина на 83 години. Таа почина во болница во Лос Анџелес по кратко боледување.

Морисон осум сезони ја глумеше Росарио, слугинката на Керен Вокер во „Вил и Грејс“. Глумеше и во сериите „Летечката чесна сестра“ со Сели Филдс, а го позајми гласот и во анимираниот филм „Тепачка со храна“.

„Шели се гордееше со улогата на бестрашната Росарио. Иако глумеше слугинка, нејзиниот лик беше претставен како бестрашна жена“, рече за медиумите нејзиниот сопруг Волтер Донигез.

 

Scroll to Top