Почина синот на пејачката Мелиса Етериџ

Бекет, синот на пејачката Мелиса Етериџ, почина на 21 година од предозирање, пишува магазинот „Пипл“. Веста за неговата смрт ја потврди и пејачката преку порака на „Твитер“. Етериџ напиша дека им се придружува на илјадниците мајки кои го изгубиле детето поради дрога.

„Бекет се бореше со зависноста која денеска го докрајчи. Моето срце е скршено. Не можам да престанам да размислувам дали требаше да направам нешто за да го спасам, но знам дека тој е на подобро место сега“, напишала пејачката. Таа рекла и дека ќе му се врати на пеењето, бидејќи тоа лекува.

Етериџ, синот го доби преку донор на сперма, додека беше во брак со американската продуцентка Џули Кифер. Таа беше мажена и со актерката Теми Лин Мајклс. Од тој брак има близнаци.

Scroll to Top