Почина Сју Лајон, глумицата што ја играше Лолита

Холивудската глумица Сју Лајон, најпозната по улогата на Лолита, почина на 73-годишна возраст. Сју имала 14 години кога се појавила на кастингот за улогата на Лолита. Оваа улога ја добила иако на аудицијата имало околу 800 млади актерки. Но, со својата појава, таа го воодушевила режисерот Стенли Кјубрик.

За улогата на Лолита, работена според романот на Владимир Набоков, таа освои и Златен глобус за најдобра млада актерка. Брзо потоа се повлече од сцената.

Во текот на својот живот се мажеше пет пати, а има две деца.

Scroll to Top