Почина соул музичарот Бил Витерс

Бил Витерс, соул музичарот што се прослави со хитовите Ain’t No Sunshine, Just the two of us и Lean on me, почина од срцеви компликации на 81 година. Витерс напиша неколку големи хитови, меѓу кои и Use me и освои три Греми награди. Во 2015 година, тој стана дел од Рокенрол халата на славата.

„Ние сме уништени од загубата на нашиот сакан, посветен, сопруг и татко. Тој беше осамен човек со срце поттикнато да се поврзе со целиот свет преку својата поезија и музика. Зборуваше искрено со луѓето и се поврзуваше со нив. Додека во приватниот беше опкружен само со најблиските, неговата музика припаѓа на светот. Во ова тешко време, се молиме неговата музика да понуди утеха и забава“, стои во соопштението на неговото семејството.

Scroll to Top