Почина цртачот на славниот „Алан Форд“

Легендарниот цртач на познатиот стрип „Алан Форд“, Џовани Романини, почина во 74-тата година од животот, пренесоа италијанските медиуми. Засега не е познато дали Романини е жртва на коронавирусот.

Тој беше познат и како ученик на познатиот Роберто Равиоле Магнус. Тој откако го преземал местото на Магнус проолжил да работи на „Алан Форд“ и благодарение на него, бил продолжен стилскиот континуитет на оваа серија.

„Со голема тага се простуваме од Џовани Романини. Од Италија пристигна веста дека познатиот ученик на Магнус, цртачот на „Дружината од закачалките“, „Алан Форд“ и „Марти Мистерија“ нѐ напушти на 74-годишна возраст. Покрај сето останато, ќе го памтиме засекогаш по немерливиот придонес што го даде на култниот албум на Магнус „Долина на теророт“. Почивајте во мир, маестро“, напишале на фејсбук-страницата „Веселиот четврток“.

Scroll to Top