Почна новогодишното украсување на „Дизниленд“

By

Денеска во „Дизниленд“ почнаа да се поставуваат новогодишните украси и елки. Илјадници светилки, цвеќиња и декорации ќе го разубават забавниот парк, кој ќе биде во празнично руво до 6 јануари следната година. „’Дизниленд’ се подготвува за најмагичниот период од годината“, пишува магазинот „Пипл“.

За украсувањето на „Дизниленд“ ќе бидат посадени нови 100.000 нови дрвја и растенија, а од нив 300 се елки. Ќе се засадат и 10.000 божиќни дрва и 10.000 циклами. На влезот од паркот ќе стои портрет на Мики Маус, направен од преку 7.000 цвеќиња.

Во забавниот парк ќе биде поставена елка висока 18 метри – таа ќе биде украсена со 1.500 украси, 100 електрични свеќи, 4.800 лед-светилки во бои, 70.000 бели лед-светилки и 1.200 други светла. Елката ќе се поставува со кран, а главната улица ќе биде украсена со дополнителни 220 украсни ленти и околу 80 венчиња, обвиткани со светилки кои ќе ги има на излозите, покривите и светилките.

Штом ќе завршат со декорациите за оваа година, од „Дизниленд“ веднаш ќе почнат да ги осмислуваат декорациите за следната година.

Ќе ви се допадне