Политичар погребан во својот омилен мерцедес

Починатиот лидер на јужноафриканската политичка партија, Обединето демократско движење, Чекеде Буфтон Пицо, пред смртта посакал да биде закопан во неговиот омилен „мерцедес“. Политичарот и починал минатата недела одејќи кон својот Е-500, еден од многуте луксузни мерцедеси што ги поседувал. Но, откако западнал во финансиски проблеми, морал да ги продаде.

Последниот Е-500 го купил на старо. Не бил во возна состојба, но според неговата ќерка Сефора Лецвака, Пицо уживал само да седи внатре и да слуша музика.

„Никогаш не сме имале вакво барање и процесот беше тежок и стресен“, рекол директорот на погребалното претпријатие, но сепак, успеале да го пикнат целиот автомобил под земја.

На погребот популарниот политичар, поради пандемијата на коронавирусот, имало мал број луѓе.

Scroll to Top