Полицајката Селесте Ајала од Аргентина стана интернет-сензација откако надои напуштено бебе додека беше на должност. Taa доби и унапредување за својот хуман гест.
Ајала била на работа во една детска болница во близина на Буенос Аирес кога слушнала детски плач. Откако поразговарала со вработените во болницата, таа го надоила бебето, кое претходно било одземено од мајката.
Фотографијата како Ајала го дои бебето е снимена од нејзин колега и потоа споделена повеќе од 100 000 пати на социјалните мрежи.
„Таа не се двоумеше да реагира како мајка и не ѝ беше гајле дали бебето е валкано и лошо мириса. Тоа не се гледа често денес“, напиша нејзиниот колега Маркос Хереида.
За награда, таа беше унапредена од обичен полицаец во чин наредник.
„Забележав дека е гладно бидејќи ги ставаше раце во устата. Затоа прашав дали можам да го гушнам и нахранам. Тоа беше тажен момент и ми го скрши срцето. Вакви работи не треба да се случуваат“, кажа Ајала.