Во 2020 година полицајците во Дубаи ќе се возат на летачки мотоцикли. Компанијата „Ховерсурф“ неодамна го претстави новиот летачки мотоцикл на саемот на технички достигнувања во Дубаи, електрично возило за полетување и слетување што освен за полицијата ќе може да се користи и во секојдневниот живот.
Неколку од овие возила „Ховерсурф“ ѝ подари на полицијата во Дубaи, летачки мотоцикл S3 2019, а тие започнаа со обука на полициските службеници што ќе ги возат. Според полицијата, возилото ќе се користи најмногу во тешко пристапни зони.
Еден ваков мотоцикл чини 150.000 долари.