Поради коронавирусот се одложува „Виенскиот бал“ во Скопје

„По вчера објавените заклучоци, мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија, со цел превенција од ширење на коронавирусот, се одложува  ‘Виенскиот бал’ во Скопје.
Организаторот на балот, Здружението за културна соработка ‘Јохан Штраус’, информира дека одложениот настан ќе се одржи на 15 мај, исто така во скопскиот хотел ‘Александар Палас’. Инаку, Балот требаше да се одржи оваа сабота на 14 март.
Организаторот на ‘Виенскиот бал’ во Скопје и покровителот, амбасадата на Република Австрија, ќе ги следат и почитуваат препораките на здравствените власти во интерес на јавното здравје“, се вели во соопштението на организаторот.

Scroll to Top