Поранешната тенисерка, Французинката Марион Бартоли, која во 2013 година го освои „Вимблдон“, ги изненади сите по добиената битка со тешката болест. Таа на социјалните мрежи објави дека набргу ќе стане мајка и дека со сопругот чекаат ќерка.
Бартоли е во брак со белгискиот фудбалер Јахиј Бумедин. Двајцата живеат во Дубаи, а неодамна со јавноста ги споделија убавите вести. Кога во 2013 година го освои „Вимблдон“, ги изненади сите кога објави дека се повлекува од тенисот иако имаше само 28 години.
Французинката во последните седум години откри дека животот ѝ бил пекол и дека како вистинска лавица се борела со опасната болест. Таа во 2016 година се заразила со мистериозен вирус за време на едно патување во Индија, кој ѝ го нападнал крвниот систем.
Поради исцрпеност на организмот, Бартоли поминала 4 месеци во болница. Докторите ѝ рекле дека е шансите да се спаси се минимални и секојдневно се бореле за нејзиниот живот.
Бартоли ја изгубила косата, забите почнале да ѝ паѓаат. Вели дека поминала низ вистински пекол. Изгубила повеќе од 20 килограми, а јавноста шпекулирала дека е на прагот на анорексија. Никој не ја знаел правата вистина низ што сè таа морала да помине.
За среќа, успеала да закрепне, но во иднина лекарите изјавиле дека ќе мора да биде многу внимателна кога станува збор за исхраната и начинот на живеење. Ќе мора да избегнува патувања во некои земји поради здравствени ризици.