Еден од најпопуларните светски порносајтови, „Порнхаб“, ќе им овозможи на италијанските корисници бесплатен пристап до премиум содржините сè додека во земјата трае карантинот поради коронавирусот.
„Ако сте заглавени дома за време на глобална пандемија што ви преостанува? Да земете книга во рака? Да ги следите неисцрпните ТВ-шоуа? Ние имаме нешто малку поразлично на ум. Само кликнете и гледајте“, велат од порносајтот.
Дел од приходите на Моделхаб, креаторите на „Порнхаб“, ќе се донираат на локалните болници во Италија.