Порноактерка му вети секс на научникот кој ќе открие лек за коронавирусот

Порноактерката Лола Тејлор вети дека ќе спие со оној кој ќе открие лек за коронавирус, пренесува „Спутник њуз“.

Лола, чие вистинско име е Љубов Бушуева, моментално е во карантин во Москва, а бидејќи изолацијата не ѝ е лесна, таа одлучи малку да ги мотивира научниците па вети секс за секој кој ќе открие вакцина за короната.

Во видеото кое го споделија руските медиуми, таа рече дека е уморна од седењето дома, а не може да излезе затоа што во спротивно, како што рече, ѝ се заканувале со затвор.

!Тоа е ситуацијата. Јас сум во карантин, сè е во ред дома. Подготвена сум да спијам со оној кој ќе ја направи вакцината за коронавирус. Луѓето страдаат. Сè е тешко. Не можат да ги напуштат домовите инаку ќе ги затворат. Накратко, ќе спијам со некој за вакцина “, рече Лола.

 

https://www.instagram.com/p/B9zOfxHKjrq/

Scroll to Top