Порцелан инспириран од фустанот на Џенифер Лопез

By

Германскиот произведувач на порцелан Розентал, инспириран од култниот принт кој го украсуваше познатиот фустан со длабоко деколте на пејачката и актерка Џенифер Лопез пред десет години.

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез прошета на црвениот тепих на доделувањата на награди Греми 2000 во Версаче зелен фустан, со палмин принт. Во тоа време фустанот беше запазен, влезе во историјата, како и во сеќавањата на милион луѓе. Во тоа време, Џенифер Лопез во овој фустан стана една од најбараните фотографии на интернет.

Розентал се сретна со новата Версаче колекција на порцелан и го оживеа култниот принт и го пренесе на чиниите, филџаните, подавалниците и други парчиња. Принтот на тие парчиња беше заокружен со златна рамка. Силната и жива колекција го доби името Џунгла (Jungle) и е изработена во лимитирано издание.

Овој произведувач на порцелан креира култни парчиња со учество на познатите дизајнери. До сега стотина познати имиња од светот на дизајнот работеа со нив. Пред неколку години, работеше со нив и познатата шпанска дизајнерка Патриција Уркиола, која две години креираше порцелан под името Пејзаж. Подоцна повторно интерпретираше колекција и создаде нова линија под името Шибори. Култната вазна Хартиена кеса (Paper Bag), која и денес се продава, ја дизајнирал во 1977. Тапио Виркала (1915-1985), легенда на финскиот дизајн. Ова е едно од неговите најпопуларни дела, и влезе во историјата на дизајнот. На листата се наоѓаат неколку познати дизајнери, како што се Донатела Версаче, Карл Лагерфелд и Вернер Пантон, како и шпанскиот уметник Салвадор Дали, кои дизајнираа парчиња порцелан за своите уметнички колекции.

Погледнете ја оваа неверојатна колекција на порцелан кој изгледа како вистинско уметничко дело!

Ќе ви се допадне