Последна спасувачка акција на заробените деца на Тајланд

Акцијата за спасување на младите тајландски фудбалери и на нивниот тренер од поплавената пештера на северот на земјата за продолжи денеска. Во текот на вчерашниот ден извлечени се четири момчиња, односно вкупно осум во изминативе два дена, додека во пештерата останаа уште четири момчиња и нивниот тренер.

Денеска е 17-ти ден како групата е заробена во пештера, која во најголем дел е поплавена. Момчињата се оддалечени речиси четири километри од излезот, а повеќето од нив не знаат да пливаат. Во акцијата за спасување учествуваат нуркачи од различни делови на светот, како и тајландската војска и специјални единици. Акцијата ја отежнува силниот дожд.

Осумте момчиња кои беа спасени од пештерата во северен Тајланд, меѓу првите нешта кои ги кажаа во болницата беше дека им недостасува нивниот дом.

„Ни недостасува домот“, рекоа момчињата кои истакнаа дека се среќни, пренесе Би-Би-Си.

08:40 Родителите ги виделе спасените деца

Секретарот на Министерството за здравство на Тајланд, Џедсад Чокдумронгсук изјави дека родителите ги виделе децата низ заштитното стакло, бидејќи се уште се на прегледи, за да се утврди дали некое од нив има инфекции.

„Децата се фудбалери, имаат силен имунитет. Сите се весели и среќни што ќе излезат, но секако мора да ги провери доктор“, рече секретарот, додавајќи дека во болница ќе останат и до седум дена.

08:10 Шефот на спасувачката мисија ја отфрли помошта на Илион Маск

Шефот на спасувачката мисија ја одби помошта на американскиот милионер, Илион Маск, кој пред неколку дена дизајнираше мала подморница, со чијашто помош децата би тебало да се спасат лесно и брзо.

„Иако неговата технологија е добра, тоа не е добро за оваа мисија“, рече Наронгсак Осатанакорн, кој моментално ја координира мисијата.

07:20 Деветнаесет членови на спасувачката екипа влегоа во пештерата

Шефот на спасувачката мисија изјави дека 19 членови на спасувачкиот тим влегле во пештерата.

Тој изрази надеж дека дека денешната спасувачка акција ќе помине брзо. Истовремено објавено е дека резултатите од медицинските прегледи на досега извлечените момчиња ќе бидат познати за 24 до 48 часа.

07:19 Започна третата фаза од спасувачката акција

Започна третата фаза од операцијата за спасување на четирите момчиња и нивниот тренер од пештерата на северот во Тајланд. Официјалните лица наведоа дека сите ќе бидат извлечени во текот на денот.

Што се случуваше вчера?

15:12 ч. – Не се знае кој се е извлечен од пештерата

Член на семејствата на момчињата за Си-ен-ен изјави дека родителите не знаат кое од момчињата е извлечено од пештерата, а кои се останати внатре. Нивните имиња не се објавуваат од почит кон семејствата на децата кои сè уште не се спасени.

14.40 ч. – Поддршка од целиот свет

Приказната за спасување на момчињата од поплавената пештера ја следат медиумите ширум светот. Поддршка за заробените момчиња стигнува од сите страни. Една таква порака е забележана и на лондонското метро.

14.31 ч. – Амбулантните возила ги носат шестото и седмото момче

Две амбулатни возила се видени како се удалечуваат од влезот на пештерата Туам Луанг. Како што пишува „Гардијан“, најверојатно во нив се шестото и седмото момче кои веднаш се пренесени во болница.

14.19 ч.– Прекината е потрагата

Четири момчиња и тренерот кои што останаа во пештерата ќе бидат извлечени во текот на утрешниот ден.

Вчера во осумчасовна спасувачка акција беа извлечени првите четири деца. Денеска беа извлечени уште четири. Властите соопштија дека паузите се прават со цел да се исконтролира намаленото ниво на кислород во пештерата.

Претходно беше објавено дека во рамките на денешната спасувачка акција е извлечено едно момче, а набргу потоа стигна и веста за шестиот извлечен млад фудбалер. Сега, според неофицијалните информации што ги обелодени Си-ен-ен, од поплавената пештера извлечени се уште две деца.

Агенцијата АП информира дека тајландските спасувачки служби се таинствени и не соопштуваат детали за тоа како се одвива спасувачката операција. Оттаму не прецизирале кој бил во амбулантното возило што претходно денеска беше видено како го напушта теренот околу пештерата.

Спасувачите што вршат евакуација на младите фудбалери заробени во пештера на Тајланд се соочуваат со големи предизвици – тесни и мрачни тунели низ кои мора да се пробијат само за да дојдат до момчињата заробени внатре. Враќањето назад е уште потешко бидејќи со нив носат неискусни нуркачи на возраст од 11 до 16 години.

Ова видео најдобро покажува колку е опасно и комплицирано минувањето низ тесните пештерски предели.

Дванаесет деца на возраст од 11 до 16 години, членови на јуниорски фудбалски тим, заедно со нивниот тренер, беа заглавени во пештерата од 23 јуни. Врз основа на денешните објави може да се заклучи дека во моментот заробени остануваат уште четири деца заедно со 25-годишниот тренер. Децата спасени денеска се пренесени во болницата во Чијанг Рај, каде што се наоѓаат и нивните пријатели и соиграчи од фудбалскиот тим кои беа извлечени во текот на вчерашниот ден.

12.25 ч – Тајландската државна телевизија објави видео од хеликоптер и од амбуланта за кои се верува дека го транспортирале петтото спасено дете.

Си-ен-ен објави дека е извлечено уште едно, петто дете, од пештерата на Тајланд. Телевизијата објави дека член на спасувачкиот тим рекол дека едно момче било видено на носилка пред влезот на пештерата во 16.27 часот по локално време. Оваа информација не е потврдена.

Нуркачите влегоа во пештерата, а се очекува следното момче да го извлечат за четири часа. Запрашан за тоа кои момчиња ќе бидат извлечени најпрвин, предводникот на акцијата соопштил дека првин се извлекуваат тие што се најподготвени за тоа.

10.10 ч – „Условите за спасување се исти како вчера… Спасувачкиот тим е ист како вчера со некои измени“, рече водачот на спасувачите, Наронгсак Осатанакорн. Тој додаде дека нивото на водата во пештерата не е загрижувачко и дека вчерашните врнежи од дожд не влијаеле на нивото на водата внатре во пештерата.

Претприемачот од технолошката индустрија и милијардер, Илон Маск, тестира детска подморница за која тврди дека може да послужи за спасување на момчињата заробени во поплавената пештера на Тајланд.

 

9 ч – Осум момчиња и нивниот тренер по фудбал сè уште се заглавени во пештерата на Тајланд. Во спасувачката мисија, која траеше осум часа, вчера беа спасени четири деца. Репортерот на „Гардијан“ јавува дека денеска има многу малку официјални информации и засега не се знае кога ќе продолжи операцијата.

Сомбун Сомпингаи (38), татко на едно од спасените деца, изјавил за „Ројтерс“ дека спасувачите вчера им рекле дека најсилните деца ќе бидат први извлечени. „Не ни беше кажано кое дете прво ќе биде извлечено… Не можеме да ги посетиме децата во болница затоа што треба да бидат под мониторинг 48 часа“, рекол тој.

Што се случуваше завчера?

Мајката на Монгкол Бунпијам, едно од четирите момчиња што беа ослободени од пештерата на Тајланд, вели дека е пресреќна што нејзиниот 14-годишен син најпосле ја здогледал светлината на денот. Таа, како и поголем дел од родителите, ја минала ноќта пред пештерата чекајќи ја радосната вест, пишува „Гардијан“.

„Само го слушнав неговото име, Монгкол, и многу се израдував. Не знам што да му кажам. Чекајте првин да го видам“, раскажува мајката на момчето.

17.02 ч – Почна да врне силен дожд

Репортерот на „Гардијан“ од Тајланд, Џејкоб Голдберг, рече дека неколку минути по прес-конференцијата на спасувачкиот тим, почнало да врне силен дожд.

15.55 ч – Спасувачката акција ќе продолжи утре

На прес-конференцијата, гувернерот на провинцијата Чијанг Рај, Наронгсак Осатанакорн, истакна дека спасувачката акција ќе продолжи утре. Тој истакна дека здравјето на децата е добро и денешната акција ја оцени како успешна. Потврди дека досега се извлечени четири момчиња. Според неговите зборови, акцијата ќе продолжи за 10 до 12 часа.

(Извор/Макфакс)

Scroll to Top