Потресни пораки од децата кои гореле во пожарот во Русија

Руските медиуми објавиле фотографии и морничави пораки од настрадените во пожарот во трговскиот центар во Кемерово во кој загинаа 56 лица, а повеќето се деца.
Надлежните потврдиле дека во големиот пожар во трговскиот центар во Камерово загинале најмалку 56 лица. Се стравува дека десетина деца кои се водат за исчезнати загинале во пожарот што избувна во неделата и зафати околу 1.600 метри квадратна површина.
Семјството и пријателите на жртвите ги објавиле нивните фотографии на социјалните мрежи, каде што молат за информации за исчезнатите.

 

„Кажи и на мамичка дека ја сакам…“ Сергеј Москаленко (11), кој заврши во кома бидејќи скокнал од прозорец од зградата, а утрово е потврдено дека неговите родители загинале во пожар.
Марија Мороз (13), која се наоѓала во киното за време на пожарот, испратила порака : „Внатре сме. Изгледа дека ова е збогум за мене“. Се стравува дека и Марија загинала.
Се стравува дека во пожарот е загинато целото одделение.
Осум деца со учителката биле на излет во Кемерово, а во трговскиот центар гледале цртан филм. Едно од девојчињата, Викторија Почанкина, ѝ се јавила на својата тетка среде пожарот:

„Вратата е блокирана. Не можам да излезам, не можам да дишам. Тето, кажи му на цело семејство дека ги сакам. Кажи ѝ на мама дека многу ја сакав“, рекло девојчето.

Scroll to Top