Пожарникар спасувал луѓе во Грција, во огнот починал неговиот 6-месечен син

Грчките медиуми ја објавија приказната за пожарникарот кој спасил многу луѓе од пожарите близу Атина, но не успеал да го спаси својот 6-месечен син. За неговата трагичната судбина раскажал претседателот на Грчката федерација на вработени во противпожарната служба, Димитрис Статопулос, но не го открил името на пожарникарот.

„Службата нареди мобилизација, па тој беше обврзан да го прекине одморот и да се врати на работа. Отиде да го гасне пожарот. За жал, ги остави сопругата и детето и сега, детето е меѓу жртвите, а сопругата е на интензивна нега и се бори за живот“, рекол тој.

Според грчките медиуми, во пожарите во Грција загинаа преку 80 лица, а околу 150 се повредени. Бебето беше првата идентификувана жртва.

 

Scroll to Top