Позитивната страна на озборувањето

Психолозите откриле дека озборувањето има и свои позитивни страни.

Научниците од Универзитетот во Павија (Италија), во својата студија дошле до интересни спознанија околу озборувањето. Имено, заклучиле дека тоа има и свои позитивности.

Во истражувањето учествувале 22 жени, а психолозите проучувале како озборувањето влијае врз мозокот. Главната авторка на студијата, др. Настасија Брондино сакала да открие дека дали постои биохемиска причина за чувството на блискост која жените ја чувствувале после озборувањето.

За време на озборувањето доаѓа до излачување на окситоцин. Окситоцинот се нарекува и хормон на среќата и љубовта. Се излачува и за време на пораѓањето и влијае врз зближувањето на мајката со бебето. Кога се работи за вообичаени теми како што е на пример разговорот околу времето, нивото на окситоцин не бил толку голем.

Мажите не биле вклучени во испитувањето затоа што научниците сакале да избегнат развивање привлечност помеѓу испитаниците затоа што окситоцинот би се излачувал поради чувството кое го имаат еден спрема друг, а не поради озборувањето.

Др. Брондино смета дека озборувањето може да влијае врз утврдувањето на правилата на групата и на развивањето и основањето друштвени врски. На неговиот учинок не влијае ни карактерот на испитаниците. Психолошките карактеристики како што се емпатија, преживеан стрес или завист, немале влијае врз порастот на окситоцин, напишале авторите.

Значи, без разлика што мислиме за озборувањето, сепак научниците сметаат дека тоа е добро за мозокот.

Scroll to Top