Познати личности што се во затвор бараат помилување заради короната

Познати личности кои отслужуваат затворски казни, бараат помилувања и порано да бидат пуштени дома поради пандемијата на коронавирусот. Меѓу нив се и глумецот Бил Козби, музичарот Ар Кели, финансиерот Берни Медоф и уште неколку познати личности кои сметаат дека би требало да бидат дома во време на кризата.

Барањето за помилување дојде откако во неколку затвори во Лос Анџелес беа потврдени позитивни случаи на ковид-19. Поголемиот дел од барателите на помилување се во притвор и чекаат конечна пресуда, но поради ширењето на вирусот, дел од рочиштата се одложени и не е познат датумот на следното одржување.

Помилување побарал и Мајкл Коен, поранешен советник на Трамп, кој отслужува казна за финансиски измами во текот на кампањата. Но судот одлучи да не му дозволи, бидејќи сметаат дека тоа е испланирано за веднаш да може да се вклучи во следната претседателска кампања.

И адвокатот на раперот Текаши69 побарал ослободување затоа што тој има астма и спаѓа во ризична група.

„Ако се зарази, тешко ќе го преживее тоа“, тврди неговиот адвокатот.

Scroll to Top