Прашина која астронаутите ја собрале од Месечината се продава на аукција, се проценува на повеќе од милион долари

Прашина која астронаутите на НАСА ја собрале од Месечината за време на мисијата на „Аполо 11“, ќе се продаде на аукција. Аукциската компанија „Бонамс“ ќе биде задолжена за продажбата, а нејзината цена ќе варира од 800.000 до 1,2 милион долари.

Покрај прашината на аукцијата ќе се продадат и други вселенски сувенири меѓу кои и фрагмент од „Спутник 1“, првиот вештачки сателит кој Советскиот Сојуз го лансирал во Земјината орбита во 1957 година. Се проценува дека ова парче ќе се продаде за цена од 80.000 до 120.000 долари.

„Бонамас“ исто така ќе ја продаде и картата од Месечината која ја потпишале 15 астронаути на „Аполо“, вклучувајќи ги и Нил Армстронг и Баз Олдрин. Се проценува дека таа ќе се продаде за цена од 20.000 до 30.000 долари.

 

 

 

Scroll to Top