Празнични филмови за целото семејство

Првата помисла на Божик е време поминато во кругот на најблиските, домашна атмосфера, одмор, вкусна храна и шолја топол чај или греено вино. Но, празнците не би можеле да поминат и без авантурите на јунаците од божикните филмови. Ова се неколку интересни филмови што ќе го задржат божикниот дух, но и вниманието на целото семејство.

„Поларен експрес“

Интересен филм за момче што не верува во Дедо Мраз иако другите му велат дека тој навистина постои. Дали Дедо Мраз навистина постои?

„Сам дома“

Дали новогодишната еуфорија е целосна без овој филм? Празниците не се празници без овој култен филм. Гледајте ги авантурите на момчето чии родители го заборавиле дома.

„Елф“

Гледајте ја приказната за џуџето што патува од Северниот Пол во потрага по вистинско семејство.

„Кучето што го спаси божикниот одмор“

Семејството Банистер одлучило да ги помине празниците на преубава планина. Со оглед на тоа дека злобниците демнат на сите страни, нивниот семеен одмор може да се претвори во неволја. Гледајте како ова семејство си поминало на планина и како нивниот мал пријател Зевс им помага.

„Кошмарот пред Божик“

Познатата анимирана комедија ќе ги воодушеви вашите деца. Приказната е сместена во измислениот град, чии жители одлучиле да ја прекинат монотонијата со новиот празник Божик. Гледајте ги авантурите на жителите од овој фиктивен град.

 

„Како Гринч го украде Божик“

Гледајте зошто жителите на градот Ху го отфрлиле Гринч и зошто тој се повлекол и почнал да живее во пештера.

Scroll to Top