Пред да почине од рак 11 милиони долари ги подарил во хуманитарни организации

Социјалниот работник од Сиетл, Ален Најман, по неговата смрт го донирал целото свое богатство во вредност од 11 милиони долари на локалните хуманитарни организации.

Сите пари кои ги имал ги собрал поради тоа што штедел. Купувал облека во евтини продавници. Собирал купони за попусти, а за време на годишниот одмор внимавал на секој потрошен цент.

На крајот пред да почине од рак, Ален успеал да собере речиси 11 милиони долари. Починал годинава на 63 годишна возраст.

„Мислам дека сите беа шокирани кога слушнаа дека собрал толку пари кој потоа одлучил да ги даде во хуманитарни цели“, вели неговата пријателка Мери Монахан.

Ален пред 30 години ја напуштил својата банкарска кариера за да работи со деца. Тој верувал дека неговото искуство со децата во социјалните служби, од кои многумина имале потешкотии, го поттикнале да ги стави другите на прво место.

„Децата кои беа во системот на социјална заштита, влегоа во срцето на Ален“, вели Мери.

Ален дел од богатството го наследил и од своите родители, но најголемиот дел од заработката го вложувал и на тој начин ја зголемил количината на заработени пари.

Ален работел и по две до три работи и никогаш не скаал да биде во долгови. Парите на крај завршиле во шест хуманитарни организации. Џеси Колман, една од вработените лица во една од организациите, за прв пат разговарала со Ален, неколку месеци пред неговата смрт. Тој тогаш донилрал 5000 долари наменети за средношколци кои живееле со своите хранители.

Кога дознале дека Ален донирал 900.000 долари, на почетокот помислиле дека станува збор за грешка. Кога парите биле префрлени на сметка, вработените и волонтерите во организацијата дознале за каква личност станува збор.

Тие велат дека Ален живеел скромно, за да можел на крајот парите и своето богатство да им го подари на други.

„Нашата организација овие пари ги прими со огромна доза на љубов. Не сакаме да се фокусираме само на парите, туку и на тоа што ваквиот чин претставува“, вели Колманова.

Scroll to Top