Предупредување! Самоубиствената игра Момо се појавува на Јутјуб во видеата на Пепа Прасе и Фортнајт

Последниве денови многу мајки пријавуваат дека на многу детски видеа на YouTube и YouTube Kids се појавува ликот Момо. Видеата започнуваат нормално и не изгледаат сомнително, а ова се појавува по кратко време среде видео. Се појавува во Peppa Pig, Lol doll, видеа од Fortnite и други.

Измислениот и грозно направен лик Момо им се заканува на децата дека мора да го додадат на Whats App или ќе ги убие додека спијат.

Децата го додаваат и потоа Момо им дава опасни предизвици – да вклучат шпорет кога сите спијат, да ги украдат и испијат апчињата на родителите, да се самоповредуваат итн.

Ликот е толку ужасно направен што и самото негово појавување е стресно за децата. Ако сретнете такво видео, веднаш пријавете го.

Сепак, не постојат докази за ова, како и за случаи на самоубиство кои се поврзани со овој предизвик, а од YouTube демантираат и велат дека немаат никаков доказ за Momo Challenge на YouTube.

Scroll to Top