Врмето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекува невреме со можна појава на град и температури до 28 степени.
Во скопско денеска претпладне променливо облачно со повеќе сончеви периоди, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. И во некои делови околу скопје е можна појава на град. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.