Според Мери Дајмонд, мајсторка за фенг шуи, законот за привлекување можеме да го прошириме на целиот дом и со тоа брзо да ги оствариме нашите цели.
За да привлечете финансиско богаство во 2020 година, како и семејна среќа, во домот треба да ги внесете следниве симболи:
1. За поскладни односи со семејството, пријателите и партнерот
Во северозападниот дел на дневната соба ставете фотографија од семејството (или од вас со вашиот партнер) и бел кварцен кристал.
2. За поголем прилив на пари во куќниот буџет
Поставете мала фонтана со вода или предмет со златен сјај во југоисточниот дел на дневната соба.