Прочуената базилка во Барселона е дивоградба

Прочуената базилка на шпанскиот архитект Антонио Гаудија, Саграда Фамилија во Барселона, која е под заштита на Унеско, се гради без надѕор на официјално лице, кое би требало да го осигура поклопувањето на изградбата со градежните норми.

Изградбата на Саграда Фамилија треба да биде завршена до 2026 година, на денот на годишнината на смртта на Антонио Гаудија. Сепак и покрај големото значење на проектот за Барселона и околината, прочуеното здание нема општинска дозвола за изградба.

Единствената дозвола е издадена во 1882 година, кога локалните власти му одобриле на Гаудија планот да се процесуира. Катедралата дури не е ни запишана во регистарот на имот, а од 1995 година, земјиштето на кое се води, се води како сопствеништво на епархијата на Барселона.

Базилката е изградена во готски стил. Се гради веќе 136 години, а работите не ги набљудува ниту локалниот Совет нили каталонската регионална влада. Медиумите пренесуваат дека прочуеното здание, во просек, дневно го посетуваат 12.000 луѓе.

Годишно базилката ја посетуваат околу 4,5 милиони луѓе, а се проценува дека таа е најпосетената туристичка атракција во Шпанија.

По повеќе од еден век изградба на катедралата, одборот за изградба и градоначалникот на Барселона Ада Колао, во 2015 година почнале преговори за да ја регулираат изградбата и плаќањето на дозволи по специјален урбанистички план, а кој би требало да завршат до крајот на оваа година. До тогаш работите на изработката на базилката ќе продолажат без никаков надѕор.

Недостатокот на контрола на градежните работи, им овозможува на туристите да го посетат локалитетот без никакви градежни правила. Така во 2007 година, откриено е дека осум столбови влегле во шеталиштето за 20 до 50 сантиметри. Градската општина по тоа прашање не превземала ништо, пренесуваат шпанските медиуми.

Досега се завршени околу 70% од градежните активности на базилката, која е висока 85,4 метри. Кога во 2022 година ќе биде поставена куполата на Исус Христос, тоа ќе биде највисоката зграда во Барселона со височина од 172,5 метри.

 

Scroll to Top