Продавачки во Босна носат пелени оти не смеат да одат во тоалет

By

Многу жени кои работат во трафиките во Босна и Херцеговина мораат да носат пелени оти  не можат да одат во тоалет додека се на смена, која трае преку осум часа. Повеќе работнички пријавиле дека нивните шефови им се закануваат дека ќе ги заколат, а пријавени се и случаи на сексуална злоупотреба што укажува дека жените во овој сектор во БиХ се наоѓаат во многу тешка положба.

„Ќе ги видите како се измрзнати бидејќи на работно место немаат греење. Не им дозволуваат да седат на касата, боледувањето за нив е мисловна именка. Синдикалните претставници со години укажуваат на овие појави, но општеството ги игнорира. Моќните трговци се често блиски со власта, па ако некоја работничка проговори, може да добие отказ“, вели Алма Бајрамовиќ – Зукиќ, претседателка на Секцијата на жени.

Таа за Радио Сараево вели дека жените во трговскиот сектор се соочуваат со разни предизвици. Затоа Синдикатот за трговија на БиХ покрена кампања „За тоа (не) зборувај“ со која сака да укаже на ваквите случаи.

„На прво место е мобингот. И вербалниот и физичкиот. Работничките тоа дури и не го поистоветуваат со мобинг. Тука се и прекувремената работа, работењето за празници, неможност да се добие слободен ден. Тоа е реалноста, а ситуацијата е иста и во речиси сите сектори. Работничките права генерално се на ниско ниво“, вели Бајрамовиќ-Зукиќ.

Најзагрозени, според истражувањето, се жените од 26 до 30 години.

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream hunter x hunter: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 12

4Anime danganronpa 4anime: Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Preview 02 (https://4anime.biz/m/wOB2/ep-1)