„Продиџи“ работи на нов албум во чест на Кит Флинт

Членовите на групата „Продиџи“ работат на нов албум за да му оддадат почит на нивниот пејач Кит Флинт, кој се самоуби пред една година. Засега нема детални информации за идното издание, а новиот материјал ќе биде прв по албумот No Tourist што го издадоа 2018 година.

Кит Флинт се самоуби лани во март, а поранешниот клавијатурист на групата, Лирој Рорнхил, изјави дека тие имале план да се соберат и да ја одбележат годишнината од неговата смрт со концерт, но тоа не се случи заради короната.

„Кога тој почина, бевме очајни. Ниту еден ден не поминува без да се потсетам на него, обично со насмевка. Остани панк, брате, засекогаш во нашите срца“, рече тој.

Scroll to Top