Произведено пиво со вкус на сладолед

Пивницата „Кептен Лоренс“ и произведувачот на сладолед „Карвел“, го произвеле првото пиво со вкус на сладолед, пишува „АП“. Силното црно пиво Fudgie the Beer се прави со чоколаден сладолед и има шест проценти алкохол. Според производителите, пивото оди добро и со чадена храна и чоколадни десерти.

Првата тура од пивото е веќе распродадена. Засега пивото може да се пие само во пивницата на „Кептен лоренс“ во Елмсфорд, Њујорк.

Scroll to Top