Промоција на ДВД-изданието на пет дигитално реставрирани македонски играни филмови

На 12 март (четврток) со почеток во 19 часот во киносалата на Кинотеката ќе биде промовирано ДВД-изданието на пет дигитално реставрирани македонски играни филмови.

Се работи за филмовите „Три Ани“ (1959) на Бранко Бауер, „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, „Македонскиот дел од пеколот“ (1971) на Ватрослав Мимица, „Татко“ (Колнати сме, Ирина) (1973) на Коле Ангеловски и „Хај-фај“ (1987) на Владимир Блажевски.

Филмовите во ова ДВД-издание се хронолошки подредени, а снимани се во период од 28 години. За разлика од претходните ДВД-изданија на дигитално реставрираните филмови на авторите (браќата Манаки, Арсениј Јовков, Љубиша Георгиевски, Бранко Гапо, Столе Попов, Милчо Манчевски, Кирил Ценевски), изборот на филмови кои се дигитално реставрирани, како дел од културното наследство, беше резултат на меѓународната соработка на Кинотеката на Македонија со други филмски архиви од некогашна Југославија.

На промоцијата ќе бидат авторите Коле Ангеловски и Владимир Блажевски.

На 12 март (четврток) во 20 часот ќе биде прикажан „Македонскиот дел од пеколот„, на 13 март (петок), од 18 часот ќе биде прикажан „Три Ани“, а од 20 часот „Хај-фај„. На програмата на 14 март (сабота), од 18 часот е „Жед“, а од 20 часот „Татко“ (Колнати сме, Ирина)

Scroll to Top